Кина не би требало да обраќа премногу внимание на Литванија, бидејќи “може да ја згмечи како мува”, пишува кинескиот портал “Global Times” во контекст на отворањето на дипломатско претставништво на Тајван, кој Пекинг го смета за своја територија, во Вилнус.
“Литванија е само кловн кој имитира храброст и верност. Кина, без сомнежи, ќе и нанесе огромна штета, но не би требало да се концентрираме на борба против толку мала држава”, стои во статијата, пренесува “Novosti”.
Според мислењето на кинеските новинари, нивната земја треба да посвети повеќе време и сила на земјите кои стојат зад Литванија, односно Европската унија и САД.

“Пекинг може мирно да одлучи како ќе го казни Вилнус. Тоа би требало да ја натера Литванија да ја почувствува штетата и да и го демонстрира статусот на Кина како голема сила. Меѓутоа, тоа не би требало да ги загрози нашите интереси и стратегијата на меѓународната арена во целост”, се заклучува во статијата.
Потсетуваме, и покрај одлучните протести на Пекинг, во Литванија на 18-ти ноември е отворено претставништво на Тајван. Оваа одлука ја вознемирила Кина, која смета дека тој потег на Вилнус е кршење на принципите на нејзиниот територијален интегритет, како и мешање во внатрешните работи на земјата.
