Кина целосно затвора 5,5- милионски град поради 84 заразени, луѓето не смеат да излезат од дома

Сега градот Ањанг во провинцијата Хенан, со население од 5,5 милиони, воведе локдаун откако во саботата биле откриени 84 нови случаи, од кои најмалку два се варијанти омикрон.

Заклучувањето претходно е воведено во градот  Ксиан (тринаесет милиони жители) и Јужоу (1,1 милиони жители), пишува Sky News.

Реклама

Строги мерки се воведени и во Тијанџин откако се откриени два случаи на инфекција со омикрон варијантата меѓу 49 позитивни тестови во последните неколку дена.

Жителите на градот Тијанџин сега треба да покажат негативни тестови на 279 контролни пунктови доколку сакаат да го напуштат градското подрачје.

Тијанџин е поделен на три нивоа на ограничувања, а граѓаните кои живеат во најзагрозените области не смеат да ги напуштат своите домови.

Во средното ниво, само еден член на семејството може да оди да купува храна секој втор ден, додека во третата зона на граѓаните им е дозволено да се движат само во нивната населба.

Реклама