„KCNA“ соопштила дека многу војници и граѓани претходно излегле на улиците да изразат сочувство кога ковчегот на Хјон бил преместен на гробиштата.
Лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун присуствувал на погребот на врховен службеник, објавиле државните медиуми во понеделникот, и го носел неговиот ковчег додека земјата тврди дека епидемијата на коронавирусот се намалува.
Официјалната агенција „KCNA“ рекла дека Ким Јонг Ун во неделата бил на погребот на Хјон Чол Хае, маршал на корејската народна армија, кој наводно играл клучна улога во неговото подготвување за следен лидер на земјата пред таткото на Ким, Ким Јонг Ил, да почине кон крајот на 2011-та година.

На фотографиите се гледа како Ким Јонг Ун, без заштитна маска, но носи ковчегот на својот ментор со други мажи кои имаат маски, пред да фрли земја во неговиот гроб.
„KCNA“ соопштила дека многу војници и граѓани претходно излегле на улиците да изразат сочувство кога ковчегот на Хјон бил преместен на гробиштата.
Државната агенција во понеделникот објавила дека 2,8 милиони луѓе заболеле од неидентификувана грозница, но дека само 68 од нив починале кон крајот на април, што е прилично ниска стапка на смртност.
