Во Грција од утре на сила стапува одлуката која ги загрижува невакцинираните луѓе да влезат во затворени простории, а казната за оние кои нема да ја почитуваат оваа мерка е 300 евра, додека пак за оние кои ќе се обидат да го фалсификуваат сертификатот казната е 3.000 евра.
Поради влошување на епидемиолошката ситуација во оваа земја, властите прават сè за да ги намалат бројките на новозаразени кои се во тренд последниве неколку седмици.
Како што јавува дописник од „RTS“, во Грција моментално има околу 3.000 новозаразени на дневно ниво, што е седум пати повеќе отколку пред три седмици.
„Засега важи препораката дека нема затворање, но од утре невакцинираните нема да можат да влезат во угостителските објекти, кината, театрите и воопшто на затворен простор. Тие простори ќе можат да бидат исполнети до 75 отсто. Постои апликација која ќе покажува дали личноста е вакцинирана или не, а тоа ќе се проверува на влезот“, раскажала дописничката.
Таа исто така додала дека стапката на вакцинирани во Грција е околу 40 отсто, а планот е до есен таа да изнесува 70 отсто, па со тоа поединечни категории на граѓани веројатно ќе бидат обврзани на задолжителна вакцинација.

Од наесен најверојатно задолжителната вакцинација ќе биде за оние кои работат во домовите за стари лица, здравствените работници, но и оние кои работат во угостителски објекти, особено во кујните. Се споменуваат и студентите, но и оние кои работат во образование поради тоа што наскоро таму започнува училишната година.