Казнет за јадење БУРЕК без маска, бурекџилницата бара да му ја плати казната

Бурекџилница во Љубљана понуди да плати казна за момче кое беше казнето затоа што ја извадил маската на јавно место за да јаде бурек.

Реклама

„Го бараме човекот за достава на храна кој минатата недела плати казна во Љубљана за консумирање храна на скалите пред Црквата на Франциско. Имаме намера да го прашаме од каде го купил бурекот. Доколку се докаже дека се работи за наш бурек, подготвени сме да му помогнеме во плаќањето на казната“, објави на Фејсбук познатата бурекџилница Бурек Олимпија.

Случајот со момче кое беше казнето со 400 евра во центарот на Љубљана, затоа што ја извади маската за да јаде бурек, стана многу популарна тема во Словенија, а на Интернет се прошири фотографија на која полицаец ја пишува својата казна.

Опозицијата го искористи за да ги критикува преземените мерки и ги опиша како апсурдни и прекумерни и посочи дека казните биле дискриминирачки, бидејќи некои политичари се појавиле во јавноста без маски, но не биле казнети, наведува Јутарњи лист. Словенечката полиција тврди дека казната била оправдана, затоа што момчето не носело маска на јавни места во согласност со прописите.

Реклама