Катар во 2010 година најави планови за изградба на 5 стадиони, а стадионот „Ahmad Bin Ali“ во Ал Рајан е официјално отворен како четврт стадион кој се отвора по „Khalifa International“, „Al Janoub“ и „Education City“.
Новиот стадион има капацитет од 40.000 седишта и климатизирани простории…

Импресивната структура сега е спремна да биде домаќин на финалето на Светското првенство во фудбал во 2022 година. Големиот стадион се наоѓа во градот Ал Рајан и стои на местото на стариот стадион кој некогаш се наоѓал тука. Всушност, зданието е изградено со користење на повеќе од 90 отсто од срушениот материјал на стариот стадион.
„Ahmad Bin Ali“ поседува капацитет од 40.000 посетители и е спремен да биде домаќин на 7 натпревари до осмина финалето од првенството. Исто така, во внатрешноста на отворениот стадион ќе бидат поставени климатизирани уреди кои ќе го разладуваат воздухот и ќе направат престојот да биде пријатен како за фудбалерите, така и за гледачите.











