Касами наместо елка, постави билборд со долгот на општината наследен од Арифи

Касами неодамна соопшти дека вкупниот долг на Тетово изнесува над 24 милиони евра.

Билборд на кој стои сума од 24.018.222 евра е поставен во Тетово. Истиот го вети и го намести новиот градоначалник Билал Касами, а бројките се долгот кој општината го имала кога тој го преземал управувањето од Теута Арифи.

Реклама

Касами неодамна соопшти дека вкупниот долг на Тетово изнесува над 24 милиони евра.

Како што соопшти Касами, општината должи 14 милиони евра, Јавното комунално претпријатие должи 9,7 милиони евра, а ЈП Градски паркинг 187.000 евра.

Реклама