Карпа тешка 20 тони се заканува да падне во близина на браната Матка

Карпа со маса од 6 до 8 кубни метри и тежина од околу 20 тони се заканува да падне во езерото Треска од височина од околу 100 метри, алармира денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Тој рече дека браната на езерото не би била загрозена, но постои опасност за луѓето кои пловат, потсетувајќи дека секојдневно има туристички тури и упати порака да се избегнува делот каде што е испустот на вода.

Google search engine

 

Директорот на ЦУК додаде дека карпата може таму да остане уште 100 години, но должност на центарот кој тој го води е да ги извести релевантните институции.

„Нема место за кревање паника, но ја известуваме компанијата со чамците местото да не го користат блиску до браната. Ризикот е многу мал, но сакаме да делуваме превентивно, да не се користи овој дел од ѕидот на браната“, истакна Ангелов.

Тој вели и дека од набљудувањето е заклучено дека карпата изгледа како да ја држи само триење, а ќе следува набљудување со дронови, по што институциите би излегле со конкретни мерки.

Претходна20 компании кои владеат со интернетот
СледнаЛавров со јасен став на состанокот со Блинкен: Русија нема намера да ја нападне Украина