Кариерата на најдобриот тенисер во светот под голем знак прашалник – Медведев стравува од санкционирање

Данил Медведев ќе помине една недела на челната позиција на АТП листа меѓутоа од наредната му се бришат поени од лански турнир и повторно ќе биде второпласиран.

Како и многу други руски спортисти од медиумите Медведев добива прашања за војната во Украина.

Реклама

„Тешко ми е да зборувам за оваа тема бидејќи јас само сакам да играм тенис. Сакам да го промовирам овој спорт. Во ваков тежок момент ми останува само да играм. Никогаш не се знае, некои спортови донсоа забрани за Русите, посебно тимските спортови. Тенисот е една од најиндивидуалните игри кои постојат, сите сме од различни места. Секако дека постои несреќна можност да ми забранат да играм, но се надевам дека тоа нема да се случи“, изјави Медведев.

Медведев стравува дека на спортистите во индивидуалните спортови наскоро ќе им биде забрането да се натпреваруваат.

Во некои спортови е донесена ваква одлука. Но, тенисот може да се разликува од другите бидејќи го играат поединци кои живеат во различни делови на светот. Можноста постои, но се надевам дека нема да се случи

 

Реклама