Новото истражување покажува дека мозочните клетки одгледани во сад можат да вршат одредени задачи.
Група невронаучници покажале покажала дека мозочните клетки одгледани во сад можат да научат да ја играат компјутерската игра Понг, според едно неодамна објавено истражување.
Тимот кој го води „Cortical Labs“ со седиште во Мелбурн, а се состои од невронаучници поврзани со австралиски, британски и канадски институции, соопштил дека нивното истражување покажува дека мозочните клетки одгледани во сад можат да вршат зададени задачи.
За експериментот научниците земале клетки од глувци од ембрионални мозоци и човекови мозочни клетки издвоени од матични клетки и ги одгледувале на низа микроелектроди можеле да ги стимулираат и читаат нивните активности.
Културите, кои вклучувале околу 800.000 неврони, потоа биле вградени во симулиран свет на игра, имитирајќи ја аркадната игра „Понг“, се наведува во трудот кој во средата е објавен во списанието „Neuron“.

„Покажавме дека можеме да комуницираме со живи биолошки неврони на таков начин што ги тераме да ги модифицираат своите активности, што доведува до нешто што наликува на интелигенција“, рекол главниот автор д-р Брет Каган од „Cortical Labs“.
Научниците рекле дека откриле очигледно учење внатре во пет минути играње во реално време, што не е забележано во контролирани услови. Во трудот се наведува дека културите покажале „способност за самоорганизирање на активности на насочен начин“ како одговор на сензорни информации за последиците на своите постапки.
Главниот извршен директор на „Corcital Labs“, д-р Хон Венг Чонг, рекол дека составот, кој го нарекле „DishBrain“, може да користи за тестирање на работата на мозокот и добивање на увид во состојби како што се епилепсија и деменција.
„Оваа нова способност на подучување на клетки да извршуваат задача во која покажуваат чувство – со контролирање рекетот за враќање на топката преку сензори – отвора нови можности за откритија кои ќе имаат големо влијание за технологијата, здравјето и општеството“, вели д-р Адел Рази од Универзитетот Монаш.