Широко распространетата фотографија на која Никол Кидман изгледа изненадено, не ја прикажува нејзината реакција на Вил Смит кој го удри Крис Рок на церемонијата, и покрај фактот дека стана вирална како наводна реакција на настанот.
На фотографијата се гледа како ѕвездата од „Being Ricardos“ се врти од стол со испружена рака, широко отворени очи и уста и драматично подигнати веѓи.
По церемонијата, која се одржала во неделата навечер, снимката стана вирална, а многумина ја карактеризираа како ново хит меме.
Популарните твитови ја поврзуваат реакцијата на Кидман со моментот кога Смит излегол на сцената и го удрил Рок – што не е случај.
Две фотографии направени од Роберт Ханаширо од USA Today и Брајан Снајдер од Ројтерс, дистрибуирани преку Reuters Connect, покажуваат слични снимки од реакцијата на Кидман.
Фотографијата на Ханашир е означена како направена кога Кидман го заземала нејзиното место во публиката на доделувањето, а таа на Снајдер е експлицитно означена како направена пред почетокот на церемонијата.
Понатаму, на снимката од моментот на инцидентот се гледа како Кидман излегува од сцената во својот сино-сив фустан, со оделото на нејзиниот сопруг Кит Урбан преку рамо.
This is not Nicole's face seeing the slap! It is Nicole's face seeing Jessica Chastain!https://t.co/NxPJfYqZjx
— Jackson McHenry (@McHenryJD) March 28, 2022