Основачот на „Амазон“, Џеф Безос и неговата девојка Лорен Санчез (52), ја дочекале Новата година на една забава која се одржала покрај базен во Св. Бартс.
Милијардерот и неговата драга биле целосно опуштени, а друштво им правеле неговиот помлад брат Марк, синот на Лорен, Нико и поранешната НФЛ ѕвезда и некогашен вереник на Лорен, Тони Гонзалес.
Безос своите мускули на кои неуморно работи во последно време ги истакнал во тесна кошула, а носел и очила за сонце во облик на срце.
View this post on Instagram
„Толку многу се забавувавме синоќа со лудата диско-забава со семејството, нo Новата година исто така е одлична прилика за фокусирање на личниот раст, обнова, повторно раѓање и посветување внимание на секој животен момент. И на добрите и на лошите… Славете и растете“, порачал Безос на социјалната мрежа, а неговата заљубена девојка го порачала следното: „Те сакам душо. Поради сите причини и без причина“.

Двајцата не се одвојувале еден од друг, па биле многу блиски, а последните неколку денови уживаат во секој заеднички момент на одмор.
Па така досега биле на планинарење, се сончале на јахта и се занимавале со бројни други романтични активности.
Тие со пријателите изнајмиле луксузна јахта на која може да спијат до седум луѓе во главниот апартман, а има и две двокреветни кабини и уште две дополнителни кабини.

Цената на изнајмување на јахтата изнесува од 38.000 до 42.000 долари, плус трошоци.