Како Signal за само неколку дена стана најбараната апликација во светот

Милиони корисници ширум светот во последните неколку дена направија профил на апликацијата за размена на пораки Signal, со што оваа апликација стана најбараната во светот.

Апликацијата за испраќање пораки Signal забележа драстичен пораст на бројот на корисници откако апликацијата WhatsApp ги промени правилата. Според официјалните податоци, во периодот од четврток до недела, апликацијата била инсталирана повеќе од 7,5 милиони пати.

Реклама

Дури и Елон Маск на Twitter ги повика граѓаните да ја користат оваа апликација.

Откако сопствениците на WhatsApp ги изменија условите за употреба на апликацијата и ја нарушија приватноста на многу корисници и нивните лични податоци, многу луѓе ја сметаат апликацијата Signal како идеална алтернатива.

Интересен е фактот што сопственикот на Signal е коосновачот на WhatsApp, Брајан Актон, кој ја напушти оваа компанија во 2018 година.

Реклама