Како се живее на -70 степени… се греат со вотка (Видео)

Руското село Ојмјакон се смета за најладното населено подрачје на Земјата, а локалните жители мора да се приспособуваат на таквиот живот – што подразбира консумирање на многу вотка.

Најниската забележана температура во Ојмјакон била минус 71,2 степени Целзиусови во 1924 година.

Google search engine

Ојмјакон се наоѓа во близина на Јакутска, главниот град на регионот кој има најниски зимски температури од сите градови на светот, а неговото иронично име значи „незамрзната вода“ поради термалниот извор кој се наоѓа во негова близина.

Како што пренесува „Independent“, носењето очила на отворено може да предизвика истите да се залепат за лицето, а ова е само еден од најобичните проблеми на екстремно студеното време.

 

Како што пишува „weather.com“ локалните жители на тоа село се „борат“ со ладното време со „руси чај“, односно со вотка. Смрзнатото тло ја отежнува работата на внатрешните водоводи, така што поголемиот дел од тоалетите се изградени надвор (како полски тоалет).

Жителите користат греење и во своите гаражи за своите автомобили. Авионите во текот на зимата не можат да летаа на тоа подрачје.

Поради замрзнатото тло таму исто така не може да се одгледува зеленчук и овошје, а жителите преживувааат главно од месо.

Најчесто јадат ладна храна, замрзната свежа арктичка риба, бел лосос, бела риба…

Меѓутоа, таму летата се релативно топли, а просечната температура изнесува околу 34 степени Целзиусови. Но, зимите се долги, а летата кратки, како што тврди „weather.com“ многу од жителите се жалат од топлото време.