Како реагираат „Facebook“ и „Google“ на одлуките за Г7?

Најголемата социјална мрежа во светот, „Facebook“, го поздравува напредокот постигнат од Г7 во однос на минималната даночна стапка и потврдува дека ова може да значи дека социјалната мрежа ќе плаќа поголеми даноци на различни места.

Земјите од Г7 се согласија да воведат глобален данок на фирма со минимална стапка од 15%. Одлуката беше донесена во саботата во Лондон за време на состанокот на министрите за финансии на седумте економски најразвиени земји – САД, Велика Британија, Франција, Германија, Канада, Италија и Јапонија.

Google search engine

„Ние сме посветени на глобален минимален данок од најмалку 15 проценти за секоја земја“, се вели во официјалното соопштение по состанокот во британската престолнина. Г7 додаде дека се надеваат дека конечниот договор ќе биде финализиран во јули.

Целта е гигантите, претежно во технолошкиот сектор, да плаќаат даноци пропорционално, во зависност од земјата во која се остваруваат приходите и профитот.

„Facebook“ долго време повикуваше на реформа на глобалните даночни правила и ние го поздравуваме важниот напредок постигнат во рамките на Г7. Овој договор е значаен прв чекор кон безбедноста на бизнисот и зајакнување на јавната доверба во глобалниот даночен систем“, вели шефот за глобални теми во „Facebook“, Ник Клег.

„Ние сакаме да успее процесот на меѓународна даночна реформа и признаваме дека ова може да значи дека „Facebook“ ќе плаќа повеќе даноци на различни места“, додава тој.

„Google“, пак, за време на викендот изјави дека ја поддржува работата за ажурирање на меѓународните даночни правила откако министрите за финансии на Г7 се согласија да применат глобален минимален корпоративен данок од најмалку 15% и да ги прераспределат даночните права на големите и профитабилни мултинационални компании.

„Силно ја поддржуваме работата за ажурирање на меѓународните даночни правила. Се надеваме дека страните ќе продолжат да работат заедно за да се осигури дека наскоро ќе се финализира избалансиран и траен договор“, рече портпаролот на „Google“, Хозе Кастанеда.

ПретходнаАлбанија ги отвори границите за туристи, нема никакви услови поради коронавирусот
СледнаКоја е уапсената тенисерка на Ролан Гарос? Русинката изгледа како божица, иако во „белиот спорт“ нема…