Како Путин ги “строи” министрите: “Кој е одговорен за тоа, кажете ми го името на тој човек” (видео)

Претседателот на Русија Владимир Путин го „сослушуваше“ министерот за природни ресурси Александар Козлов во врска со чистењето и елиминацијата на депониите во земјата, пренесува РИА Новости.

За време на седницата на Советот за стратешки развој и национални проекти, на која се разговараше и за проблемот со дивите депонии во руските градови, Путин директно го праша министерот.

Реклама

Би сакал да слушнам од вас: Кој во вашето министерство конкретно се занимава со овој проблем? Можете ли да ми го кажете презимето на таа личност? Кој е тој, бараше директен одговор Путин.

Козлов одговори дека три лица се занимаваат со проблемот.

Значи, вие именувавте три лица кои работат во вашето министерство. Кој е главниот, кој сноси лична одговорност за тоа – прецизира Путин.

Козлов одговори дека и тој како министер е одговорен.

Вие сте одговорни за се во министерството. Кој е во оваа област? Кој е одговорен, праша Путин повторно. Тој не се согласува со министерот кој рече дека со тој конкретен проблем се занимава неговиот заменик Мурад Керимов.

Путин го поддржа предлогот на министерот за природни ресурси шефовите на регионот да преземат лична одговорност за елиминација на дивите депонии.

Реклама