Ако сакате да го поминете целиот ден во комотна и пријатна облека како што се пижамите, и со која лесно можете да одите на состаноци преку Zoom или Skype, јапонската компанија има одлично решение.
Понекогаш некои работи и производи изгледаат толку едноставни и логични што се прашуваме како никој претходно не помислил на тоа. Костум-пижама на јапонската компанија Аоки е еден таков производ и е совршен за времето во кое живееме и работиме. Работата од дома опфати многу луѓе, па комбинациите на облека честопати се сведуваа на пижами или тренерки.

Додуша, идејата е одлична и не треба да изненадува што другите компании ќе ги следат стапките на Аоки во иднина. Не е тешко да се замисли специјална колекција на удобна облека дизајнирана за уживање во своите четири ѕида, што ќе изгледа доволно професионално за видео повици. Со оглед на тоа што многу компании ќе продолжат да работат од далечина, односно некои работници ќе продолжат да работат од дома дури и по пандемијата, јасно е дека побарувачката за ваква облека може да биде голема.