Како најбогатите го избегнуваат плаќањето на данок!?

Некои од најбогатите луѓе во светот успееја да го зголемат своето богатство до неколку десетици пати во последните неколку години. Зад ваквиот деловен успех, несомнено стои напорна работа и низа добро повлечени деловни потези. Но се чини дека многумина од нив забораваат дека со успешен бизнис следуваат и обврски. Обврски кон компанијата во која се заработени парите. Оваа обврска во овој случај се нарекува данок.

Според истражувањето спроведено од „ProPublica“, најбогатиот човек на светот до неодамна, Џеф Безос, не плаќал данок најмалку две години помеѓу 2006 и 2018 година, иако неговото лично богатство се зголемило неколку десетици пати во тој период. Ова истражување не го заобиколи неговиот „прв сосед“ и ривал од списокот на најбогатите, Илон Маск, кога се утврди дека тој не платил данок во 2018 година.

Google search engine

Според доверливиот извештај добиен од ProPublica од IRS (Даночна управа на САД), утврдено е дека милијардерите се во можност да избегнат плаќање данок „законски заобиколувајќи го законот“ и дека решавањето на тој проблем е голем предизвик за новоизбраната американска администрација .

Принципот според кој најбогатите не плаќаат данок е многу едноставен. Годишната заработка на овие луѓе претставува занемарлив дел од нивното богатство, додека најголемиот дел од нивното богатство се прикажува преку акциите што ги поседуваат.

На пример, Џеф Безос поседува 10,3 проценти од акциите на Амазон, кои се проценуваат на околу 170 милијарди долари (вредноста на акциите на компанијата во последно време се менуваше многу), додека тој самиот вреди 193,4 милијарди долари. Поголемиот дел од неговото богатство е поврзано со деловниот успех на компанијата, што значи дека „само“ нешто повеќе од 19 милијарди долари не е врзано за Амазон.

Безос и другите милијардери избегнуваат плаќање данок со чување на своето богатство во акции, кои не подлежат на оданочување до моментот на нивната продажба.

Последица на ова е што Безос, иако заработи неверојатни 127 милијарди долари во периодот од 2006 до 2018 година, пријави приход од само 6,5 милијарди за тие дванаесет години, на кои беше платен данок од околу 1,4 милијарди долари, наведува ProPublic извештај.

Според ова, Безос платил „многу висок“ данок од околу 21 процент, но тој не се однесува на неговото богатство изразено преку акции.

Ако ги земеме предвид овие 127 милијарди зголемувања на личното богатство преку акции и платени даноци од 1,4 милијарди за истиот временски период, ќе дојдеме до пресметката дека Безос платил нешто повеќе од еден процент од данокот на своето богатство за дванаесет години.

Најважно е да се истакне дека постојат начини (финансиски манипулации) акционерите на огромни компании да ги претворат своите акции во достапни пари без потреба да ги продаваат своите акции.