Како на филм: Уапсени членови на криминалната група на Вељко Беливук (ВИДЕО)

Специјалните единици на српската полиција денеска уапсија уште двајца членови на криминалниот клан на Вељко Беливук. Според српските медиуми, тие се осомничени за убиство на две лица.

Уапсените осомничени се Сенад Решовиќ и Дејан Михајловиќ, а според српската полиција, нивното апсење е доказ дека во истрагата за крвавите злосторства на озлогласениот клан на Беливук, познат како Веља Неволја, нема заштитени.

Google search engine