Како ја „уловиле“ Амбер Херд во лага – член од поротата открива: „Ми беше непријатно, тоа што го зборуваше…“

Амбер ќе мора да му плати на Деп 10 милиони долари за нанесена штета, како и пет милиони долари за казна. Амбер поднела противтужба, па Џони ќе мора нејзе да и исплати 2 милиони долари како компензација на штетата.

Во текот на судењето на поранешните сопружници изнесени беа бројни бизарни работи од нивниот однос.

Google search engine

Сега се огласи маж којшто тврди дека бил еден од седумте членови на поротата на судењето за клевета на Џони Деп и Амбер Херд. Тој раскажал дека актерката е неискрена личност и додал дека токму таа била таа која го поттикнувала брачното насилство.

Иако имињата на поротата мора да останат во тајност една година по судењето, сепак дозволено им е доброволно да се изјаснат и да го споделат своето искуство за случајот.

„Амбер лошо сведочеше и поротата Деп го сметаше за многу поверодостоен. Кога лажеше за донирањето пари во хуманитарни цели, сфативме дека лаже за многу работи“, изјавил тој, пренесуваат странските медиуми.

Херд ветила дека ќе донира половина од износот од својата бракоразводна парница вредна седум милиони долари во непрофитна организација ACLU, но нејзиниот главен директор Теренс Доерти сведочел дека актерката никогаш не го направила тоа.

Анонимниот член на поротата ја пофалил адвокатката на Деп, Камил Васкез, велејќи дека таа одлично си ја завршила работата, а исто така бил критичен кон сестрата на Амбер, Витни, која сведочела за актерката.

„Ми изгледаше дека ја поддржува сестра си поради обврска, како и таа да е жртва на манипулација. Во секој случај, не изгледаше како сестра ѝ да сака да биде во судницата“, изјавил тој.

Прашан дали членовите на поротата ја мразеле Херд, одговорил: „Не, не ја мразеа, но поголем дел од нив не се сочувствуваа со неа“.

Мажот исто така објаснил како пред почетокот на судењето не бил посебно информиран за Амбер, ниту за Џони и смета дека поради тоа не можел да заземе страна од почеток.

„Но, штом почна да сведочи, како воспоставуваше контакт со очите – тоа ми беше крајно непријатно, до таа мера што не можев воопшто да ја гледам неа. Само внимателно ја слушав, а сè што таа зборуваше, беше тешко сра*е. Ме изненади тоа што сите после судењето го коментираа тој нејзин чуден контакт со очите. Амбер Херд, каква луда жена“, изјавил тој.

- АУДИО РЕКЛАМА -

WordPress хостинг со врвни перформанси за веб страни кои значат бизнис. 24/7 телефонска подршка.