Доколку не сте припаднички на високите кралски кругови, шансите да се венчате за било каков принц, војвода или крал се исклучително мали.
Но, тука не станува збор за невозможна мисија, а овие дами го потврдуваат тоа.
Летиција Ортиз работела како новинарка на телевизија кога го запознала принцот Астури кој станал нејзин сопруг во 2004 година. Кога неговиот татко абдицирал од престолот во 2014 година таа станала шпанска кралица.
Меган Маркл била телевизиска и филмска актерка кога го запознала британскиот принц Хари, додека пак Софија Хелквист се откажала од кариерата на манекенка и реалити ѕвезда за да се венча со шведскиот принц. Денес ја носи титулата принцеза Софија, војвотка од Вармланд.
Јужноафриканската пливачка Шарлин Витсток го запознала принцот Алберт од Монако по некој натпревар, а Кетрин Мидлтон била студентка кога го запознала принцот Вилијам.
Никоја од овие дами не го знаела животот во кралскиот двор, но со текот на времето ги научиле правилата и се промениле во склад со истите.
Нивниот стил и изглед бил подложен на трансформации. Поради љубовта тие се откажале од лежерните излегувања во тренирки, мини-фустаните или пак јавното појавување во бикини.
Колку се сменил нивниот стил и изглед, погледнете во продолжените:
Шарлин Витсток денес е принцеза на Монако

Кејт Мидлтон денес е војвотка од Кембриџ

Летиција Ортиз денес е шпанска кралица

Софија Хелквист е принцеза Софија, војвотката од Вармланд

Меган Маркл беше војвотка од Сасекс
