Како изгледал Илон Маск пред да стане познат!? Снимка од 1999-та година

Исплива снимка од 1999-та година во која Илон Маск се фали дека купил нов автомобил, кога на 28 години ги заработил првите ‘сериозни’ пари.

Денес најбогатиот човек на светот, во тоа време бил на почетокот на својата кариера, имал можеби помалку коса, но иста насмевка, и на снимката се гледа дека е горд на својот скапоцен автомобил.

Google search engine

Онлајн банката која ја основал Илон Маск во 1999-та година, која ја лансирала неговата кариера, се викала „X.com“.

Во март 2000-та година, „X.com“ се споила со „Confinity Inc.“, софтверска компанија со седиште во Силициумска долина. Маск ја привлекол оваа компанија поради едноставниот систем на плаќање. Споената компанија го променила името во „PayPal“, а потоа во 2001-ва година, „eBay“ го купи „PayPal“ за 1,5 милијарди долари.

Маск во 1999-та година, кога купил една од само 62-те постоечки примероци на Мекларен Формула 1, како што е прикажано на снимката, бил во врска со Џастин Вилсон. Се венчале една година подоцна, а се развеле во 2010-та година. Имаат пет деца.

Сега Маск е во брак со пејачката Грајс, со која има син кој поради името го збуни цел интернет: „X Æ A-12 Mask“.