Една посебна работа за овие станови е и одвоената туш-кабина од тоалетот, па многумина ги нарекуваат овие станчиња и луксузно сместување.
Животот во малиот простор е честа појава во Токио, во која живеат речиси 14 милиони луѓе, но да се пронајде добро проектиран стан во новоградба е вистинска реткост.
Баш поради тоа во Токио популарни се становите наречени „Ququri“.

Пред сè треба да се истакне дека она што го сметаме за мал стан во Македонија, во Јапонија се смета за пространо место за живот. Јапонските минијатурни станови знаат да се простираат и на само пет до десет метри квадратни, а повторно ги имаат сите потребни работи за нормален живот.
Добар пример за тоа се становите „Ququri“ во Токио кои се популарни меѓу самците во 20-тите и 30-тите години од животот. Распоредени се во неколку различни станбени згради.

Една од посебните работи кај овие станови е одвоеноста на туш кабината од тоалетот, па многумина ги нарекуваат луксузни сместувања. Станот има и приклучок за машина за перење алишта. Опремен е со плоча за готвење и мијалник и има мултифункционален простор којшто може да се претвори и во спална и во дневна соба или место за опуштање.
Месечниот наем во овие станови изнесува од 330 до 550 евра, а интернетот е бесплатен за сите.
Во една таква зграда со таков стан во Токио живее Норм Накамуња од каналот „Tokio Lens“ на Јутјуб.
Како изгледа животот во помалку од 10 метри квадратни погледнете во видеото: