Претседателот на Русија има посебни навики до кои што се придржува во текот на својот ден.
За Владимир Путин често луѓето, но и медиумите знаат да кажат дека е „ноќна птица“, затоа што поради многубројните обврски и различни временски зони во Русија приморан е да работи до доцна навечер.
Поради тоа првиот утрински оброк го има дури напладне.
Доручекот на првиот човек на Русија изгледа вака:
– омлет од jajца од препелица;
– чинија овесна каша;
– и неколку парчиња сирење.

По обилниот доручек, претседателот на Русија го пие своето прво утринско кафе, а потоа оди на тренинг кој што најчесто се состои од пливање и теретана.
Тој првите утрински вести ги гледа во теретана, а политичките идеи ги добива во базен во текот на пливањето.
Кога ќе заврши со доручекот и тренингот, Владимир Путин е подготвен за политика и своите обврски кои треба да ги изврши во текот на денот.
