Џихадистите се обидуваат да ја искористат пандемијата поттикнувајќи ги милитантите на луѓето да им даваат заштитни маски прекриени со отров, стои во упатствата издадени во нивниот магазин.
„Не заборавајте да ја поддржите својата религија, да им вратите за вашите браќа во Палестина и да го исполните ветувањето на вашиот имам Осама Бин Ладен, дека крстоносците никогаш нема да имаат безбедност доколку истата ја немаме ние во Палестина“, пишува магазинот.

Следбениците исто така се советуваат да продолжат да ги користат традиционалните оружја, вклучувајќи бомби, пушки и ножеви, но и камења и оган.
Извештајот се појави само неколку седмици откако „Њујорк Тајмс“ пренесе дека израелските оперативци, делувајќи со американско овластување, го убија вториот човек на Ал Каида во Техеран.
Убиството на Абдулах Ахмед Абдулах, попознат како Абу Мухамед Ал-Масри на 7-ми август, се случи на 22-годишнината од смртоносните напади на две американски амбасади во Африка, во чија што организација учествуваше тој.