Делта сојот на коронавирусот може да има поблаги симптоми и обично не се поврзани со ковид, затоа некои луѓе може да ја помешаат болеста со сезонски алергии и други вообичаени вируси.
Здравствениот функционер од американската сојузна држава Луизијана, Џо Кантер, рече дека делта сојот се уште има типичните симптоми како што се кашлица, треска и отежнато дишење, но додаде дека гледа се повеќе пациенти со различни симптоми како што се запаление на синусите, течење на носот и болки во грлото.
Ова се знаци дека пациентот може да има делта вирус, рече Кантер за интернет и радио платформата Одаси, како што објави весникот Хил.
Може да имате релативно благи симптоми, кои лесно можете да ги помешате со алергии или настинка што сте ја добиле од дете во градинка . Но, ако имате било какви симптоми, без разлика колку се благи, дури и ако станува збор само за болки во грлото или течење на носот, треба да се тестирате и да ги ограничите контактите додека не го добиете резултатот, додаде Кантер.
Според истражувачите од студијата Зое Ковид, интензивното кивање е исто така показател дека некое лице има делта.
Нашите податоци покажуваат дека луѓето кои биле вакцинирани, а потоа биле позитивни на ковид, имаат поголема веројатност да имаат кивање како симптом, во споредба со луѓето кои не ја примиле вакцината, пишуваат истражувачите.
Еден експерт изјави за Си -Ен -Ен дека памучните маски не можат да бидат толку ефикасни како маските КН95 или Н95 во заштита од делта вирусот.