Како да препознете дали вашето дете е зависно од мобилниот телефон, таблетот или компјутерот !?

Многу експерти велат дека зависноста може сериозно да се развие кај децата доколку прекумерно ја користат технологијата. Како да препознаете дека вашето дете е зависно од телефони, таблети или компјутери?

Повеќе не го интересираат други активности – Кога ќе забележите дека детето повеќе сака да гледа во телефонот отколку да си игра со пријателите, време е да го вклучите алармот.

Реклама

Користете технологија за да го расположите вашето дете – Ако детето треба да земе телефон или друг уред за да се чувствува подобро и да се утеши кога е тажно, тоа значи дека развива зависност.

Се крие додека го користи мобилниот телефон – Дали некогаш сте забележале дека детето се крие за да го користи телефонот, особено кога мислите дека спие ? Или кога треба да си ја заврши домашната задача? Ова може да укаже на нездраво користење на екранот.

Поради технологијата ги нарушува односите со луѓето – Кога станува збор за собирање, дружење со семејството или пријателите, детето не го напушта телефонот, не се вклучува во реалниот живот, туку повеќе избира да гледа во виртуелниот свет.

Голема повлеченост во себе – Децата кои премногу користат телефон, таблет или компјутер имаат тенденција целосно да се повлечат.

Родителите можат да помогнат и да го спречат развојот на зависност. Главниот чекор е да го ограничите времето што вашето дете го поминува пред екранот. Без разлика на возраста, поставете лимит и одредете колку време може да помине пред екраните. Понекогаш технологијата може да биде корисна и не треба само да и припишуваме лоши карактеристики. Затоа направете план кога да се користат екраните во семејството.

 

Реклама