Како да ослабите 4 кг за 7 дена

Доколку уживате во вкусот на супите и чорбите, ќе ви се допадне овој начин на исхрана и брзо слабеење.

Диетата со супа е базирана на течни оброци кои лесно се варат и ги содржат сите неопходни хранливи материи.

Овој режим на исхрана трае една недела а за тоа време можете да изгубите и до четири килограми. Важно е секој оброк да се состои од домашна супа, во неограничени количини.

Тоа можат да бидат бистри или крем супи, супи со месо или со зеленчук. Во текот на тие денови избегнувајте преработена храна, слатки и нездрави грицки.

Намалете го внесувањето на јаглени хидрати на минимум и во супите ставајте пилешко бело месо, фета сирење, грашок, грав, бидејќи тие се богати со протеини.

Супите можете и претходно да ги подготвите, а за да не ви здосадат оброците, експериментирајте со разни вкусови. Една голема чинија супа има околу 300 калории, а супите се практични да ги понесете со себе и во термос, па ќе ви биде олеснето и во текот на работните денови.

Добрата страна на оваа диета е тоа што супите можете да ги консумирате во неограничени количини.

Пред примената на диеталниот начин на исхрана задолжително консултирајте се со вашиот лекар.