Маурицио Гучи беше убиен во ходникот од својата канцеларија во Милано во 1995 година. Убиството го шокираше целиот свет.
Неговата поранешна сопруга Патриција Реџани подоцна беше затворена поради сомнеж дека го организирала убиството.
Патриција била жена со само една цел – да го убие својот сопруг, наследникот на царството Гучи.
Тие денови таа ја „претресла“ цела Италија за да најде некој кој што ќе го убие нејзиниот сопруг. Го прашала дури и човекот од кој што купувала намирници за дома.
Очигледно дека на крајот упорноста ѝ се исплатила затоа што Маурицио Гучи бил убиен во ходникот од својата канцеларија во 1995 година.

Тоа била типична одмазда на разведена и напуштена жена. Имено, парот се развел четири години пред да се случи убиството, но Патриција не можела да му прости на Маурицио поради тоа што ја оставил сама да се грижи за нејзините две ќерки.
Но, покрај тоа не ѝ годел ниту фактот што нејзиниот поранешен сопруг во 1993 година објавил дека ќе го продаде семејното претпријатие.
Патриција тогаш одлучила дека ќе го убие својот сопруг.
„Бев бесна на Маурицио. Одев наоколу прашувајќи, па дури и човекот кај кој што купував овошје и зеленчук, дали некој има храброст да го убие мојот сопруг? Да знаев подобро да пукам, сама би го направила тоа“, изјавила Патриција.
Таа конечно нашла човек кој што бил подготвен да убие, а подоцна убиецот бил осуден на 30 години затворска казна.

Патриција била осудена на 26 години затворска казна, а на крајот во 2016 година била ослободена од затворот.
Опишувајќи го времето поминато во затвор, Патриција изјавила: „Ми беше добро… За мене тоа беа само години на мир. Спиев и работев во градината“.
Пред една деценија Патриција добила можност за напуштање на затворот во замена со физичка работа. Во судот во Милано, таа тогаш изјавила:
„Никогаш во животот не сум работела, па сигурно нема да почнам ниту сега“.
Таа моментално живее во Милано со домашното милениче – папагал и не е во добри односи со своите ќерки.