Како Боки-13 го испрашуваше Камчев пред судот

Бизнисменот Јордан Камчев пред Кривичниот суд одговараше на прашања од тужениот Бојан Јовановски-Боки 13. Камчев одговараше каде првпат го пријавил „Рекет“ односно барањето пари од Боки 13 со кои требало да се сопре обвинението за предметот „Империја“ против него.

Бојан Јовановски-Боки 13: „Кога е стапено во контакт со тогашниот директор на УБК, Горан Николовски-Џони?“

Google search engine

Камчев: „Додека бев во домашен притвор“

Бојан Јовановски-Боки 13: „Што му било кажано, какви насоки добил?“

Камчев: „Не ценам дека треба да одговорам. Пријавено е пријавено. И толку. Јас кажав дека адвокатот добил насоки кои потоа ги спровел. Јас не примив насоки од директорот“.

Бојан Јовановски-Боки 13: „По усната пријава до директорот на УБК, додека издржувал притвор, што направил?“

Камчев: „Јас продолжив да контактирам со Бојан. Кога се создадоа услови целиот настан го пријавив во ОЈО-ГОКК. Дадов електронска комуникација со првотужениот, како и тоа што јас го запишував, мои белешки“.

Бојан Јовановски-Боки 13: „Правосилната пресуда со која се парадира овде е пред највисокиот суд во државата, со барање на користење на вонредни правни лекови. Се надеваме дека таа пресуда, која со оглед на овие сите небулози и недоречености, ќе ја докажеме вистинската фактичка состојба. Знам дека не е овде местото. Апелирам до Врховниот суд да ги цени сите околности за случајот Рекет, чија единствена цел е спас на Орце Камчев, кој е најдокажаниот лопов во државата“

Јовановски-Боки 13 го праша Камчев дали го познава Зоран Заев, а бизнисменот одговори потврдно.

„Сум имал средба со него. Разговарав за рекетот кој го правеше Бојан Јовановски преку 1ТВ и неговата организација Меѓународен сојуз. Не сум разговарал за случајот ‘Империја’. Немам што да зборам за тоа, не е Заев обвинител или судија“, кажа Камчев.

Јовановски-Боки 13 праша ако Заев не е обвинител или судија, зошто разговарал со него за рекетот кој го споменал претходно. Бизнисменот кажа дека на средбата со експремиерот, немало други лица.

„Мотивот беше да биде информиран дека тоа што се случува, дека јас и група бизнисмени сме принудени да се рекламираме и ни се нудат фиктивни проекти. Јас кај Заев не бев да пријавувам, туку да укажам работи. Прво се сретнав со Заев, тоа беше средба, пред пријават“, кажа Камчев.

Камчев беше прашан и дали додека бил во домашен притвор (периодот пред да ги даде 1,5 милиони евра) бил посетуван од политичари во неговиот дом и кој одел: „Ниту еден политичар не го посетил мојот дом, го посетувале моите најблиски пријатели, фамилијата, Бојан Јовановски“.

„Сега се потврди една лага, каде тужителот кажува дека не му доаѓале политичари, а пред Кривичен суд вели дека му доаѓале 4-5 ама не знаел зошто Обвинителството не ги споменало“, искоментира Јовановски пред судот.

Камчев реагираше дека Бојан Јовановски претерал со коментарите и со прашањата.

Прашања до тужителот Камчев имаше и судијата Андреј Димовски кој најпрво го праша дали било реализирано тоа што било платено, а бизнисменот негираше. Во текот на судењето, судијата праша и дали било поднесено обвинение за „Империја“, на што Камчев одговори потврдно.

Судијата праша: „Знаете дека рекет е кривично дело ако ги платите тие 1.5 милиони евра? Сте можеле да ја одбиете понудата“, а бизнисменот одговори: „Јас направив тоа што мислев дека е најпаметно за мене и да ја спасам државата од луѓето кои правеа измама на бизнисмени“.

„Можам да разберам дека доброволно се согласивте да ги исплатите?“, праша судијата, а бизнисменот се бранеше: „Јас ги исплатив паричните средства 1.5 илјади евра за да имам доказ, потоа да го документирам случајот и напоменувам дека во периодот кога беа исплатени парите ја бев во притвор и немав можност да се одбранам“.

Прашан дали имал адвокати, Камчев кажа дека имал но немал доверба за да пријави додека бил во притвор: „Во тој момент немате ниту доверба во сите адвокати, го направив тоа што најдобро го знам. Откако се укажа можност“. Судијата го праша зошто писмено не пријавил за случајот „Рекет“ кај институциите, Камчев рече: „Адвокатот беше пријател со директорот на АНБ“. Според Камчев, тој имал средба со Катица Јанева. „Јас во два наврати кога бев повикан во СЈО, додека бев во куќен притвор, остварив непосредна средба со Катица Јанева. На средбата беа присутни адвокати, а кога заврши, Катица им кажа на обвинителката и адвокатите да излезат од просторијата и кажа: ‘Тоа што е со Бојан да се заврши’“, кажа Камчев. Прашан кога биле платени 1,5 милиони евра, Камчев рече: „Парите беа исплатени откако излегов од притвор на слобода. Ги алармирав институциите, во предметот познат како Империја, не е покренато се уште обвинение, истиот предмет се наоѓа во фаза на истрага“.

- АУДИО РЕКЛАМА -