Како би можела војната во Украина да заврши? Советникот на Зеленски објави неколку сценарија

„Војната во Украина би требало да заврши до мај затоа што Русија ќе остане без ресурси за продолжување на инвазијата“, тврди Олексиј Арестович, советник шеф во кабинетот на украинскиот претседател.

Повикувајќи се на видеото кое го објавиле неколку украински медиуми, „Ројтерс“ известува дека Арестович изјавил дека точниот момент ќе зависи од тоа колку пари Кремљ е подготвен да посвети на воената кампања.

Google search engine

„Мислам дека најдоцна до мај, почетокот на мај, би требало да има мировен договор, можеби и порано, ќе видиме, зборуваме за најновите можни датуми“, изјавил Арестович, па додал:

„Мислам дека сме на крстосница: или ќе дојдеме до мировен договор многу брзо во рок од една седмица или две со повлекување на трупите или ќе се обидат да соберат некои, да кажеме Сиријци за другиот круг и кога и нив ќе ги победиме, договорот би бил до средината или крајот на април. Целосно лудо сценарио би можело да вклучува Русите да испратат нови војници по еден месец од нивната обука“, заклучил Арестович.