Кафулињата во Франција пусти. Луѓето седат пред локалите. Полицијата “тренира строгост” (видео)

Полицијата во Франција започна да ја спроведува и проверува мерката дека само оние кои имаат ковид пасош можат да влегуваат во кафулиња и ресторани, што доведе до тоа што многу од нивните маси и столови да бидат празни бидејќи Французите наместо тоа вечераа во паркови и улици на отворено.

Google search engine

Видеото што кружи по социјалните мрежи, снимено од фотограф на Ројтерс, покажува како француската полиција ги проверува документите на присутните гости. Тие што немаат ковид пропусници се соочуваат со казна од 135 евра, која се зголемува на 9.000 евра за повторени прекршоци.

Судејќи според фотографиите и видеата од социјалните мрежи, многу кафулиња беа целосно празни бидејќи нивните редовни клиенти одлучија да седнат надвор.

Пропусницата, воведена од францускиот претседател Емануел Макрон, е задолжителна за влез во музеи, кина, базени и други места.