Кадиров влезе во Мариупол и се изгушка со „мртвиот“ руски генерал

Претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров, објави дека пристигнал во Мариупол, каде што се сретнал со своите и со руските војници, кои напредуваат во градот.

Истовремено, Кадиров објави видео снимка од рускиот генерал, Андреј Мордвичев, за кого украинските власти тврдеа дека е загинат во бробите во Украина.

Google search engine

На видеото што го објавува Кадиров се гледа како тие двајца се прегрнуваат во знак на поздрав.

„Ахмат е вистинска сила!“, вели рускиот генерал, алудирајќи на извикот на чеченските борци, што се однесува на таткото на Рамзан Кадиров, Ахмат, додека, пак, претседателот на Чеченија кон камерата вели „тоа го вели најдобриот командант“.

Кадиров додаде дека генерал Мордвичев ќе продолжи да командува со 8-та армија на јужниот воен округ.

Освен со Мордвичев, Кадиров разговарал и со претседателот на Доњецката Народна Република Денис Пушилин за текот на воената операција и ситуацијата во Мариупол.

Претходно, градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, соопшти дека градот околу кој со недели се воделе жестоки битки, е во рацете на руската армија.

Не е се во наша моќ. За жал, денес сме во рацете на непријателот– рече Бојченко.