Каде се најскапи а каде најевтини горивата во регионот

Литар Еуросупер 95 во Црна Гора чини 1,5 евро. Во Албанија може да се купи за 1,6 евра, а во Хрватска за 1,52 евра.

Литар Еуросупер 95 е поевтин во Србија каде чини 1,46 евра, Северна Македонија 1,29 евра и Босна и Херцеговина (БиХ) 1,25 евра, пренесува Мина.

Google search engine

Најевтиниот еуросупер 95 во Европа го плаќаат граѓаните на Бугарија, 1,24 евра, а најскапо жителите на Холандија 2,01 евро.

Кога станува збор за еуродизелот, литар во Црна Гора чини 1,39 евра. Во Албанија може да се купи за 1,59 евра, во Србија за 1,53 евра, а во Хрватска за 1,52 евра.

Литар Еуродизел е поевтин во БиХ каде чини 1,25 евра, а кај нас чини 1,16 евра, што е најниско во Европа.

Шведските граѓани за најскапиот еуродизел плаќаат 2,04 евра.

ПретходнаПогледнете го видеото од несреќата на Тесла со кое управуваше компјутерот
СледнаШто кажува за вас должината на сонот?