Каде се крати, а каде се додава во предлог ребаланост за годинава

Буџетите на речиси сите министерства со предложениот ребаланс се скусија. Иако во поголемиот дел кратењето на парите се во просек за еден милион евра помалку, има и буџетски корисници кои ќе имаат драстично помал буџет од првично планираниот.

Министерството за транспорт и врски ќе располага со покус буџет за 60 милиони евра. Од сите буџетски корисници во ова министерство е испланирано најголемо намалување на парите со кои ќе располага тековната година. Инвестициите во патната инфраструктура се намалени за 37 милиони евра од првично планираното, додека за 40 илјади евра се скратени инвестиците во водовод и канализација во општините. Еднствената ставка која е зголемена за 2,6 милиони евра е железничката инфрастрктура.

Реклама
БУЏЕТ 2022   РЕБАЛАНС 2022
Патна инфраструктура 96 мил. евра 59 мил.евра
Водовод и канализација 178 илјади евра 138 илјади евра
Железничка инфраструктура 11,7 мил.евра 14,3 мил. евра

И кај другите министерства има намалување на буџетите но тие се далеку помали кратење за разлика од министерството за транспорт. Зголемување има во Министерството за труд и социјална политика дополнителни 60 милиони евра, буџетот на Владата е зголемен за 80 милиони евра и во Министерството за образование на располагање се додани осум милиони евра. Зголемувањето се должи на зголемените плати во образованието, социјални трансфери и мерки кои ќе се исплаќаат директно од буџетот на Владата.

БУЏЕТ РЕБАЛАНС
Министерство за труд и социјална политика 822 мил. 882 мил.евра
Влада на Република Северна Македонија 158 мил. 238 мил.евра
Министерство за образование 470 мил. 478 мил.евра

Како значајни капитални проекти е изградбата на коридорот 8, железничката пруга Кичево-граница со Албанија и рехабилитација на делницата Куманово- Дељадровце. Во ребалансот се планирани пари и за изградба на нов клинички ценатар во Скопје како и рекострукција и доградба на Клиничката болница во Штип.

denar.mk

Реклама