Каде руските олигарси ги кријат „црните пари“?

Руските олигарси со години своите незаконски стекнати пари ги чуваат во странство, во лажни фирми, за тешко да се пронајдат, пишува Би-би-си. Но, бројни земји сега го прават токму тоа – ги бараат руските пари. Според американската тинк-тенк организација „Американ кансил“, Русите имаат околу 1.000 милијарди долари ткн. црни пари кои ги кријат во странски земји.

Извештајот од 2020 година проценува дека една честврина од тие пари ја контролираат рускиот претседател Владимир Путин и неговите блиски соработници познати како олигарси.

Google search engine

„Кремљ тие пати може да ги користи за шпионажа, тероризам, мито, политичка манипулација, дезинформации и многу други подли цели“, стои во извештајот.

Друг американски тинк-тенк „Нешнал ендаумент фор демокраси“, чии извештаи ги пренесува Би-биси-, објави дека Путин блиските соработници ги поттикнал „на кражба од државните сметки, изнудувајќи пари од приватните претпријатија, па дури и и водење на заплени на профиртабилните претпријатија“. На тој начин, олигарсите дошле до богатство од неколку десетици милиони долари.

„Москва на мед“

Британскиот медиум потсетува дека руските опозиционери Борис Немцов и Владимир Милов тврдеа меѓу 2004 и 2007 година дека 60 милијарди долари им се префрлени на Путинови пријатели од нафтениот џин „Газпром“. Пандора пејпрс, кои ги објави Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари, вели дека луѓе блиски до Путин станале многу богати и може да му помогнат да го пренесува богатството.

Понатаму, Би-би-си пишува дека голем дел од априте завршиле на кипар, каде биле привлечени од поволните данци. Островот дури стана познат какако „Москва на мед“. Според Атлантик кансил, во 2013 година таму заминале 36 милијарди долари руски пари.

Голем дел стигнал преку лажни фирми користени за прикривање на вистинските сопственици. Иста таа година Меѓународниот монетарен фонд го увери Кипар да затвори десетици илјади банкарски сметки кои ги имаат лажни фирми.

Перење пари

Чести одредници се Британските Девствени острови како и Кајманските Острови, во кои според Глобал витнес, во 2018 година руските олигарси имале околу 45,5 милијарди долари.

Транспаренси интернешнал, од друга страна, тврди дека најмалку две милијарди долари на руски државјани поврзани со Кремљ или обвинети за финансиски криминал се наоѓаат во Обединетото кралство.

Покрај тоа, размерите на руското перење пари опишани се во извештајот на Проектот на организиран криминал и корупција од 2014 година, во кој стои дека меѓу 2011 и 2014 година 19 руски банки испрале 20,8 милијарди долари за 5.140 фирми во 96 земји.

„Олигарсите најмуваат најдобри адвокати, банкари, лобисти…“

Значи, вообичаен начин за криење на парите е преку лажни фирми.

„Олигарсите најмувбаат најдобри адвокати, банкари, лобисти и ревизори за да имаат правни средства за прикривање и перење на своите пари“, наведува Атлантик кансил. Во 2016 година Меѓународниот конзорциум на новинари ги објави Панама пејпрс, со што покажа дека само една фирма основала 2.071 лажни компании за богатите Руси.

Откако пред повеќе од еден месец почна инвазијата на Украина, бројни земји покрренаа мерки со кои настојуваат да ги пронајдат руските пари. Меѓу другото, неколу од нив ги замрзнаа имотите на руските олигарси, ако се посомневаат дека до стекнување на априте дошло на криминален начин, додека, на пример, малта ги укина златните пасоши, со кои олигарсите им се овозможуваше да си купат државјанство.

- АУДИО РЕКЛАМА -