Јутјуб ја отстрани снимката од неодамнешната епизода од подкастот на Џо Роган, „Experience“, во кој тој разговарал со д-р Роберт Малоун – доктор веќе познат по низата контроверзни изјави во врска со Ковид-19.
Споменатата епизода е поставена на „Spotify“ за новогодишната ноќ бидејќи Роган има ексклузивен договор со сервисот за стриминг. Иако тој повеќе не ги објавува целите емисии на Јутјуб, неколку независни канали се задолжиле да објавуваат епизоди кои инаку би биле достапни само на „Spotify“.
Додека голем број неодамнешни епизоди останале на Јутјуб, платформата ја отстрани таа со д-р Малоун по само неколку часа, известува „The Post Millenial“.

Со оглед на оспоруваните ставови на докторот за коронавирусот, вклучувајќи го неговото противење на задолжителната вакцинација за малолетници, потегот на Јутјуб предизвика неколку обвиненија за цензура помеѓу десничарските политичари и политичките коментатори.
🚨BREAKING🚨
Today, I submitted the transcript from the @joerogan experience podcast episode #1757 with Dr. Robert Malone to the Congressional Record.
Big tech wants to restrict your access to this information- but they cannot censor the Congressional Record.
— Congressman Troy Nehls (@RepTroyNehls) January 3, 2022
Во разговор со Роган, д-р Малоун направил паралела помеѓу сегашното американско општество и Германија во 20-те и 30-те години на минатиот век, кога нацистите дошле на власт, велејќи дека американското општество развива масовна психоза.
„Тоа е основа на европското интелектуално истражување – што по ѓаволите се случило во Германија во 20-те и 30-те години. Многу интелигентно, високо образовано население кое полудело. Како се случило тоа? Одговорот е масовна психоза“, вели докторот.

„Кога имате општество во кое луѓето станале отуѓени едни од други, во кое владее анксиозност и бесмисленост. А потоа лидерот или серија настани го насочуваат нивното внимание на една мала точка, токму како хипноза. Тие буквално стануваат хипнотизирани и можат да се изманипулираат за било што“, изјавил Малоун.
Линкот до сега веќе отстранетото видео покажува дека е тргнато поради „кршење на насоките на платформата“, што сугерира дека причината биле дезинформации.
Интервјуто следело само еден ден откако на Роберт Малоун му бил изгасен Твитер профилот, исто така најверојатно поради прекршување на насоките на оваа социјална мрежа.