Освен кафеавиот ентериер, сите забележале еден детаљ – на почеток ми е нешто чудно, децата се без мобилни телефони во рацете, а и родителите…
На Фејсбук страницата Носталгија била објавена фотографија од стереотипен стан од 70-тите, односно 80-тите години со опис:
„Вака изгледале становите во Југославија во 80-тите“, а сите веднаш забележале еден детаљ.
„На овој стан не му недостасува ништо. Гледајте колку љубов има, децата им седат на родителите во скутот, тоа било најважно. Не како сега, секој си седи сам и само гледа во телефонот, нема со кој да си направи муабет.
Тоа беше време на љубов во семејството. Сега секој во својот телефон гледа“, „Станот не е важен на оваа фотографија. Мене ми е супер! Јас имав прекрасно детство во такво домаќинство. Моите родители, сестра ми, цртани во 19:15, гости… Мене ништо не ми недостасуваше, а топлината во домот ја имаше во изобилство!“, „И, што им недостасувало? Тоа се викаше дом во кој сите бевме среќни…“.