Јавноста бесна: Џонсон организирал уште една голема забава, поканувајќи 100 луѓе на коктел во Даунинг стрит

Британскиот премиер Борис Џонсон во понеделникот се соочи со нови непријатни откритија што предизвикаа обвинувања за кршење на епидемиолошките прописи за борба против коронавирусот, по објавувањето на е-пошта во која се споменува друга прослава, во мај 2020 година.

По обвинувањата за организирање божиќна веселба на која присуствувале и членови на Владата и за која била спроведена внатрешна истрага, деновиве се појавија обвинувања за прославата на 20 мај 2020 година, на која премиерот бил со сопругата Кери .

Google search engine

Според ITV News, личниот генерален секретар на Борис Џонсон, Мартин Рејнолдс тој ден испратил е-пошта до стотици луѓе во која ги повикал да „го искористат доброто време“ по неверојатно тежок период и да дојдат на коктел забава „со придржување на оддалеченоста“ во градината на Даунинг Стрит.

„Придружете ни се во 18 часот и понесете пијалок со вас“, стои на крајот од пораката.

Запрашан дали бил на забавата пред оваа објава, Борис Џонсон само се насмевна.

Потпретседателката на лабуристичката опозиција Ангела Рајнер го повика премиерот да ја „каже вистината“, обвинувајќи го за „непочитување“ на прописите.

„Додека тој се забавуваше, работниците од првите редови ги ставаа во опасност своите животи“, напиша таа на Твитер, мислејќи на медицинскиот персонал. „Премногу од нас изгубија членови на семејството и не можевме ни да се збогуваме со нив“.

Пред еден месец, советничката на премиерот Алегра Стратон поднесе оставка откако беше објавено видео на кое таа се шегува на сметка на божиќната забава организирана минатата година на Даунинг стрит.

После тоа, на крајот на декември, „Гардијан“ на својата веб-страница објави фотографија на која се гледаат премиерот и неговите соработници со сирење и вино во градината Даунинг стрит.

Од канцеларијата на Борис Џонсон одговорија дека тоа е деловен состанок.

ПретходнаНема крај на драмата: Документите се спорни – Владата ќе истражи дали Ѓоковиќ лажел
СледнаНе е само Ноле: И Цеца ја победи Австралија на суд