Бела Хадид се повлекла од јавната сцена пред неколку месеци и сега ги израдувала своите обожаватели со нови објави на „Инстаграм“.
Повеќе од 59 милиони следбеници можеле да погледнат во животот нa жената која била прогласена за најубава на светот, а која веќе подолго време се бори со зависноста и тешката болест. „Наскоро ќе се навршат 10 месеци откако престанав да пијам“, напишала Бела на својот „Инстаграм“ профил. „Горда сум на сите оние кои престанаа да пијат и оние кои го искористија месец јули храбро да кажат дека имале проблеми со алкохолот“.
View this post on Instagram
Бела се соочувала со доста такви проблеми. „Јас своето го испив“, изјавила Хадид во едно интервју минатата година. „Го сакав алкохолот и дојдов до степен да ги откажувам излегувањата кога чувствував дека нема да можам да се контролирам“.

Според нејзините зборови, таа порано се будела среде ноќ со страшни анксиозни напади. „Затоа почнав да се грижам и кога ќе испијам само неколку пијачки“
Манекенката нејзиниот прекин на алкохол го снимила и на „ТикТок, каде што се обидува да го нормализира животот без алкохолни пијалаци“.
@babybella777♬ original sound – Bella Hadid
Бела имала и многу проблеми и со Лајмската болест, па била подложена на интензивни третмани, за кои неодамна пишувала нејзината сестра, Џиџи.
Веднаш штом ја објавила сликата на Бела со опис „Едвај чекам да се вратиш“, следела „бура“ од воодушевени коментари. Поради нив, Џиџи набрзо морала да додаде дека не сакала да го најави претстојното враќање на нејзината сестра, бидејќи не знаела дали и кога тоа ќе се случи.
View this post on Instagram
Нивната мајка, Јоланда Хадид, објавила порака за поддршка на својата ќерка, а токму помошта од најблиските е тоа што најмногу ѝ е потребна во моментов.

Тоа го сугерирал и ангелскиот број 222 кој постојано го пишувала, а го објавила и на својот „Инстаграм профил“.
Познавачите велат дека ова е магичен број кој наложува на човекот да се отвори и да ја прифати двојната природа на нивната ситуација