Поранешната принцеза Мако, која реши да им пркоси на јапонските обичаи и да се омажи за човек “без сина кралска крв”, поради кого се откажа од кралската титула, сега се вселува со својот сопруг Кеи Комур во еднособен стан во Њујорк.
Како што медиумите ги нарекуваат Јапонските „Меган и Хари“ изнајмиле еднособен стан во њујоршката населба „Hell’s Kitchen“ – папараците успеале во неделата да ги снимаат додека носеле багаж во зграда во која се сместени луксузни апартмани. Фотографиите од нивниот нов дом веќе го обиколија светот, а апартманите со една спална соба во нивната зграда со поглед на реката Хадсон и на само неколку чекори од популарниот Централ Парк моментално се изнајмуваат за минимум 4.300 долари месечно.