Јапонска компанија создаде очила кои го прекриваат целото лице

Јапонскиот бренд ZGHYBD во продажба пуштил необични очила кои го штитат целото лице од ултравиолетовите зраци.

Јапонската компанија ZGHYBD претставила висококвалитетен поларизиран штит за лице изработен од поликарбонат и опремен со леќи за заштита од УВ зраците. Унисекс моделот има виска издржливот, а можат да поднесат и притисок без деформација или пукање.

Google search engine

Очилата за лице имаат и својство за замаглување, отпорни се и на ветер и прашина, а нудат и одлично визуелно искуство и максимална видливост.

Ергонскиот дизајн на рачките се вклопува во ушниот механизам и не се лизга, а фактот дека го кријат целото лице значи дека постои и поголема заштита и покриеност од оние кои нудат обични очила. Севкупно, овој преголем штит е погоден за секојдневна заштита на очите.

Иако изгледаат многу футуристички, пуштени се во продажба преку Амазон, а можно е да станат и хит.