Вчера на терените на ТеннисПарк при СЦ “Јане Сандански“ се одиграа финалните мечеви од Зимското Отворено Првенство на Македонија за Јуниори и Јуниорки до 16 години. Во машка категорија, Ѓорѓи Јанкуловски триумфираше над Лука Андонов со резултат од 2-0 во сетови, додека пак во женска конкуренција Јана Стојанова која со своите 11 години, успешно им парираше на далеку повозрасните конкурентки успевајќи да стигне дури до финалето, каде по голема борба, во три сета загуби од Јана Огњановска.