Деми Роуз е една од најпопуларните ѕвезди на Инстаграм, ја полудува публиката ширум светот и освоила многу славни мажи. Инстаграмот го користи од своја 18-та година, а многу следбеници ги стекнала откако почнала да објавува провокативни фотографии.
“Кога имав 18 години почнав да работам како модел и со Инстаграм, не можев да помислам дека ќе имам толку убава база на следбеници како сега. Ве ценам сите вас и ве сакам. Ви благодарам на поддршката”, рекла неодамна Деми.
View this post on Instagram
“На училиште бев прилично популарна на Мај Спејс, а тоа потоа се префрли на Инстаграм. Ми беше чудно кога луѓето започнаа да ме препознаваат на улица, но се навикнав”, рекла Деми.
Кога почнале да ѝ пристигнуваат понуди за работа се шокирала. Сепак, набрзо потпишала договор со една модна агенција. Нејзиниот бизнис пат не застанал тука, нешто подоцна лансирала и сопствена линија за бикини за плус сајз девојки. Од својата љубов кон музиката исто така направила бизнис бидејќи работи како Диџеј во Ибица. Години подоцна не се срамела да објавува разголени фотографии на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Пред две години го доживеала најтешкото искуство во својот живот кога го изгубила својот татко Бари (80) и после осум месеци и мајка ѝ Кристин која имала 63 години.
“Тешко ми е да се носам со тоа колку животот се менува и колку мора да бидам силна. Не е сѐ совршено, а не секогаш сум полна со самодоверба”, изјавила Деми која се расплакала.
Таа објаснила дека и понатаму се бори со своите емоции и дека две години подоцна сѐ уште не се помирила со тешката и изненадна загуба на своите родители.
View this post on Instagram
“Ме злоставуваа кога бев дете, ме малтретираа во училиште и ме повредија многу блиски луѓе. Поминав долг тажен период кога изгубив две лица кои ги сакам најмногу на цел свет. Се обидувам да преболам сѐ, но сфаќам дека тоа ме обликуваше во личноста која сум денес”, рекла на Инстаграм.
Оваа британска манекенка и инфлуенсерка добива и многу негативни коментари. Сепак, вели дека не се грижи за тоа, бидејќи ужива во животот кој се обидела да го создаде. Без оглед на тоа што е свесна за својот атрактивен изглед, Деми секогаш им кажува на своите следбеници дека внатрешната добрина е најважна.
“Најмилиот комплимент ми е кога луѓето ми кажуваат дека сум драга и грижлива личност”.