Сексистичкиот испад на еден „господин“ ги изненадил луѓето кои го виделе ова видео.
Познатата британска реалити ѕвезда, Ејми Кристоферс, која во меѓувреме станала спортска новинарка, доживеала големо понижување додека известувала за трката со коњи.
Таа се вклучила во програма во живо од трката во Беверли, ги интервјуирала дел од присутните, а еден од мажите во тој момент се свртел кон камерата, ја испружил раката, па ја удрил по задникот.
View this post on Instagram
Таа видеото од тој немил настан го споделила на социјалните мрежи со молба ликот на тој човек да се прошири на сите можни социјални мрежи.
„Се чувствував засрамено и деградирано. Откако камерите се изгасија, се свртев и го прашав дали мисли дека тоа што го направи е во ред. Јас навистина не очекувам да одам на работа и тотални странци да ме удираат по задникот“, порачала новинарката, а во меѓувреме многу од луѓето во Англија го осудиле ваквиот потег.