Русија во средата објавила дека тестирала интерконтинентална балистичка ракета “RS-28 Sarmat”, новиот додаток на својот нуклеарен арсенал, за кој претседателот Владимир Путин рекол дека ќе ги натера непријателите на Москва на размислување.
Телевизиските извештаи пренесуваат дека војската му соопштила на Путин дека ракетата била лансирана од Плесетск на северозападот на земјата и погодила мети на полуостровот Камчатка на крајниот исток.
Нејзиниот прекар е “Син на Сатаната”, а Русите велат дека може да збрише цела држава од лицето на Земјата.
“Sarmat” е нова тешка интерконтинентална балистичка ракета, а се очекува дека Русија сите ќе ги опреми со десет или повеќе боеви глави, според Истражувачката служба на американскиот Конгрес.
Ракетата со години се развива и нејзиното пробно лансирање не е изненадување за Западот, но се случува во време на екстремни геополитички тензии околу војната во Украина и секако претставува демонстрација на моќ на Русија, но и закана кон Западот.
#Russian President #VladimirPutin said Russia has successfully tested the #Sarmat intercontinental ballistic missile which is the world's most powerful missile
(Video: Sourced/ Twitter)
Read here: https://t.co/edNNn8aZH0 pic.twitter.com/5qtzVKa8Gl
— Hindustan Times (@htTweets) April 21, 2022
Развојот на “Sarmat” започнал во 2009-та година, а сега треба да го замени сегашниот систем “P-36M2”, кој во круговите на НАТО е познат како “SS-18 Satan”. Како наследник на ова оружје, таа исто така го носи прекарот “SS-Ks-30 Satan 2” или “Син на Сатаната”.
Може да понесе 10 тони товар, што значи дека на неа може да се постават 10 потешки нуклеарни боеви глави или 15 полесни, а наводно има домет од дури 18.000 километри.
„Во состојба е во секунда да збрише од лицето на Земјата област со големина на Тексас или Франција“, пишуваат руските медиуми.
Sarmat pic.twitter.com/y6EonWNTN3
— ZOKA (@200_zoka) April 20, 2022
Ја пофалил и Путин
„Новиот комплекс има најдобри тактичко-технички карактеристики и способен е да ги совлада сите современи средства за противракетна одбрана. Во светот нема слични, а нема ни да има“, рекол Путин.
„Ова навистина единствено оружје ќе го зајакне борбениот потенцијал на нашите вооружени сили, ќе ја гарантира безбедноста на Русија од надворешни закани и ќе натера на размислување непријателските земји“, додал рускиот претседател.