Ја нарекуваа рок принцеза, болеста ја „приковала“ за кревет, а еве како изгледа денес?

На само 17 години Аврил Лавињ била најмладиот женски соло изведувач кој стигнал на првото место според најпродавани албуми во Велика Британија, а и денес изгледа како на почеток од кариерата.

Рок принцезата, како што многумина ја нарекуваа, изгледа како да не остарела ниту еден ден откако го објави нејзиниот сингл „Complicated“ со кој доживеа светска слава во 2002 година.

Google search engine

„Don’t Tell Me“, „How Does It Feel“ и други песни биле едни од најголемите хитови на забавите на почетокот на 2000-те години. Сепак, оваа талентирана жена имала тежок здравствен проблем кој ѝ го одбележал животот.

Во интервју за „Billboard“ пред некое време таа соопштила дека во 2014 година боледувала од лајмска болест и дека поминала две тешки години на лекување:

„Бев во кревет две години. Морав да консумирам неколку различни антибиотици кои истовремено ја убиваат таа бактерија“, открила Аврил.

Долгото избегнување на сцената ѝ предизвикало лоша физичка и психичка состојба, но таа последниве години се врати во музичките води.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Avril Lavigne (@avrillavigne)

Некои од фановите тврдат дека Аврил не е меѓу живите и дека починала во екот на својата популарност и дека ја „менува“ девојка со име Мелиса. Аврил тоа кратко го прокоментирала: „Да, некои луѓе мислат дека не сум јас таа вистинската, што е така превртено. Зошто некој би помислил на такво нешто?“.

Тежок период е зад неа, а синоќа била фотографирана во Санта Моника со своето момче. Рокерскиот пар изгледал задоволно и среќно, а Мод претходно бил во врска со актерката Бела Торн и пејачката Деми Ловато.