Советите од многу од претприемачите, директорите на водечките компании и успешни луѓе се вртат околу една иста работа – работата од 9 до 5 нема да ви донесе многу пари.
Потребно е да издвоите повеќе од осум часа дневно за со насмевка на лицето да ги собирате плодовите од својата работа, а кога тоа се вели најчесто се мисли на сопствен бизнис.
Од друга страна, поголем дел од работните места, особено кај нас, се сведуваат на осумчасовно работно време.
Сепак, девојката Либерта, што во превод од англиски значи „слобода“, смело му пркоси на таквиот начин на работа.
Таа ја напуштила својата работа која ја работела претходните четири години и работела од девет до пет, за да стане капетан на суперјахта.
@travelwithliberty #yachting #superyacht #yachtcrew #belowdeck #fypシ #foryoupage ♬ Just for Me – PinkPantheress
Пред да аплицира за таа работа, таа морала да помине низ неколку безбедносни курсеви и проверки, како и да положи за управување со бродови со должина над 10 метри, а најголемата суперјахта која имала можност да ја вози била со 55 метри должина.
Освен управувањето, таа водела сметка и за останатите техники, редовно ги проверувала механизмите пред и по секое пловење, а не ѝ било тешко ниту да ги извршува работите околу хигиената.
Таа дефинитивно е една од личностите која може да се пофали со будење на отворено море додека го набљудува изгрејсонцето.
Нејзиниот живот секојдневно го споделува на социјалната мрежа ТикТок, а сцените кои може да ги видите таму ќе ве остават без здив.
Либерта, на сите кои сакаат да имаат таков начин на живот им ги открила предностите, но и мааните на нејзината работа. Меѓу првите добри работи го истакнала штедењето.
„Оваа работа е одлична доколку сакате да заштедите затоа што не мора да плаќате никакви сметки, ниту криија. Додека другата добра работа е токму патувањата и тоа целосно бесплатни, што ги привлекува луѓето да работат на јахти или бродови“, рекла таа.
Благодарение на оваа работа, таа обиколила многу места кои никогаш немала можност да ги посети, додека за некои не ни знаела дека постојат.
@travelwithliberty Stop and smell the roses 🌹 #yachtcrew #belowdeck #yachting #yachtlife #yachtiegirl #fyp ♬ Bad Habit – Steve Lacy
Исто така, како најголемо и најубаво искуство го истакнала пловењето преку Атлантскиот океан. Трета предност на работата на брод или во нејзин случај е тоа што создала многу познанства:
„Создадов многу блиски пријателства и запознав прекрасни луѓе“, изјавила таа.
Сепак, како и во сите други и во оваа нејзина работа има недостатоци. Меѓу првите таа го издвоила примерот на работа без слободен ден.
„Уште една маана е тоа што се наоѓате на помал простор со повеќе луѓе, а доколку имате лош ден, секоја ситница може да ве изнервира дополнително“.