Ја напиле, па се снимале како имаат сексуален однос со неа: Холивудска актерка и нејзиниот сопруг обвинети за злоставување на 13-годишно девојче

Холивудската актерка Зара Фитијан и нејзиниот сопруг наводно имале сексуален однос со 13-годишно девојче. Тие во таа прилика го снимале злоставувањето во обид да ги рекреираат своите омилени порнографски сцени, пренесува „Daily Mail“.

Зара која е позната по улогата во „Doctor Strange“ и 59-годишниот сопруг Виктор Марк биле обвинети на суд по 14 точки за сексуална активност со дете. Иако парот негира дека повеќепати имале полов однос со девојче од 13 години, девојката која сега е во доцните 20-ти години, тврди дека злоставувањата се случувале помеѓу 2005 и 2008 година односно кога таа имала помеѓу 13 и 15 години.

Google search engine

Наводно сè се одиграло кога Зара му дала алкохолен пијалак на девојчето, а потоа започнала орално да го задоволува својот сопруг и го замолила девојчето да им се придружи.

Девојчето го правела истото како и актерката, која во тоа време била инструктор по боречки вештини, пред Марк наводно да има сексуален однос со двете.

Таа не знаела како да реагира, но наводно ваквата сексуална активност се случувала повеќепати и ѝ кажале ништо да не зборува за тоа.

„Знаев дека не е во ред, но едноставно не знаев како да се извлечам од ситуацијата ниту да кажам било што“, ѝ рекла таа на полицијата и додала: „Се сеќавам дека се обидував да ја имитирам Зара во тоа време бидејќи се угледував на неа и се обидував да бидам како неа во секој поглед“.

Девојката исто така изјавила дека Фитијан ја „тренирала“ да стане подобра во сексуалните активности.

Споменатата девојка одлучила да проговори откако почувствувала дека повеќе не може да ги крие таквите нешта во себе, пишува „Daily Mail“.