Ја консумирате секој ден, а го уништува имунитетот: Намирница која има безброј негативни страни, а ја нарекуваат „убиец на организмот“

Постојат многу причини да ја избегнувате оваа намирница или пак барем да го ограничите нејзиното внесување, а малку е познато дека таа има и лоши влијание на имунитетот.

Додека вирусите и бактериите се обидуваат да владеат во организмот, главниот противник им е имуниот систем, вроден механизам којшто телото го брани од инфекции.

Реклама

Тој не е специјализиран за еден вид микроорганизми, туку е борец против поголем дел од опасностите по телото и здравјето, а работи брзо благодарение на способните леукоцити – белите крвни зрнца кои по пат на крвта и лимфата се шират по целото тело.

Доколку леукоцитите ги има премногу во крвната слика, на докторот му е јасно дека настапила инфекција и дека организмот се бори против неа.

Добро ни е познато што треба да правиме за имуниот систем да биде појак – избалансирана исхрана која изобилува со витамини и минерали е клучот на моќниот имун систем.

Меѓутоа, што не би требало да внесуваме во телото доколку сакаме да го зајакнеме својот главен одбранбен механизам?

Постојат повеќе намирници кои треба да ги избегнувате, а една од нив е шеќерот.

Повеќе научни студии покажале дека наглиот скок на гликозата во крвта по консумирањето шеќер може лошо да влијае на работата на имуниот систем.

Нема сомнеж дека ограничувањето на шеќерот помага во целокупното здравје, па со самото тоа и имунитетот.

Меѓутоа, покрај чистиот шеќер, треба да не консумирате и дополнителни шеќери, оние кои брзо го подигнуваат нивото на гликозата во крвта, го зголемуваат производството на инфламаторни протеини.

Тоа особено важи за дијабетичарите кои нормално е подолго да имаат повисоко ниво на шеќер во крвта отколку оние кај кои тоа е регулирано.

Зголеменото ниво на шеќер во крвта може да го сузбие одговорот на неутрофилот и фагоцитите, двете видови имуни клетки кои помагаат во одбраната од инфекциите.

Со студиите било потврдено дека зголеменото ниво на гликозата во крвта може да ја оштети функцијата на цревата, што натаму води до нерамнотежа во цревните бактерии, а последицата е променет имун одговор и подложност на инфекции.

Реклама